Соопштение за јавност
СДСМ преку одговорни, државнички политики успеа меѓународно да го заштити и потврди македонскиот јазик.
Потврда за тоа е и Договорот со Фронтекс, прв договор потпишан со ЕУ, на официјален македонски јазик без додавки и фусноти, рамноправен со сите останати јазици на Унијата.
Додека ВМРО-ДПМНЕ лажеше и ширеше хистерија дека македонскиот јазик ќе стане бугарски дијалект, СДСМ, не само што го заштити јазикот, туку воведе и Ден на македонскиот јазик – 5 мај.
Со Законот за употребата на македонскиот јазик, нашиот јазик е дополнително заштитен и унапреден, а додека опозицијата за великанот Блаже Конески зборуваше дека е „џуџето од Небрегово“ ние воведовме државна награда која го носи неговото име.
СДСМ продолжува преку конкретни мерки и акции да го штити и унапредува македонскиот јазик и дома, но и надвор од државата.