fbpx

Со пет закони 150 милиони евра помалку и побрза градба на коридорите

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Со заокружувањето на коридорите 8 и 10д, кои се на мапата на ЕУ, нашата земја ќе прерасне во патна крстосница на Балканот и ќе го зајакне своето геостратешко значење, што е од суштинско значење за создавање на нови потенцијали за стопанство и отворање на нови и добро платени работни места за нашите граѓани.

Ова е најголемиот проект во инфраструктурата во историјата на државата, во вредност од 1,3 милијарди евра. Од тие средства, најмалку 600 милиони евра ќе завршат кај наши, домашни компании, македонската економија добива пристап до две нови пристаништа – Драч и Бургас и номинален раст на БДП од два отсто годишно.

Собранието треба да усвои измени на пет закон, со цел коридорите, како национални и стратешки проекти, да се изградат побрзо и да чинат 150 милиони евра помалку.

ВМРО-ДПМНЕ две недели води хајка против изградбата на делниците од коридорите 8 и 10Д и против реномираната американска компанија Бехтел, со цел да го блокира овој национален проект.

Блокадата на ВМРО-ДПМНЕ и Левица би ги чинела граѓаните 150 милиони евра и дополнително загубени 2 години.

Нема да дозволиме да се повтори хаосот како на автопатот Кичево – Охрид кој го направи ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ ќе ги искористи сите механизми овие законски измени да бидат донесени во соодветна процедура.

Блокадите на ВМРО-ДПМНЕ и Левица мора да бидат поразени.

СДСМ, во интерес на граѓаните и државата. продолжува со реализација на стратешките национални проекти.

Последни вести