Прес-конференција, Лидија Тасевска, пратеничка на СДСМ
Почитувани граѓани, почитувани новинари,
СДСМ и парламентарното мнозинство во континуитет покажуваат вистинска грижа за сите граѓани.
Поднесовме измени на Законот за облигациони односи и Законот за извршување со кои се ограничува каматата на долговите, односно таа да не може да биде повисока од долгот.
На тој начин ставаме крај на огромните камати и случаите каде каматите беа и за неколку пати повисоки од основниот долг.
Ситуациите каде за долг од 1.000 денари требаше да се вратат дури и 5.000 денари, веќе стануваат минато.
Со измените за долг од 1.000 денари, нема да може да има камата повеќе од 1.000 денари, а рокот на застареност го скратуваме од 10 на пет години.
Законските измени директно ќе се однесуваат и на Законот за финансиски друштва.
Таму е регулирано финансиското друштво да не може да склучи договор за потрошувачки кредит ако трошоците што не влегуваат во годишната стапка на вкупни трошоци надминуваат 60 отсто од износот на одобрениот кредит.
Со предлог измените и дополнувања на Законот на финансиски друштва се зајакнува и контролата на државата врз работењето на финансиските друштва.
Почитувани,
Водејќи се од интересите, потребите но и проблемите на граѓаните, преземаме конкретни мерки за заштита на нивниот стандард.
Ставаме крај на огромните каматни стапки кои со години ги исцрпуваа семејните буџети, а граѓаните ги носеа кон должничко ропство.
Сите пратеници треба да дадат поддршка на овие законски измени од кои придобивки ќе имаат стотици илјади наши сограѓани.