Соопштение за јавност
Како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“ денеска потпретседателот на СДСМ Перо Костадинов беше меѓу граѓаните на општина Неготино.
Во своето обраќање на маалска средба, потпретседателот Костадинов истакна дека СДСМ покажува вистинска грижа за сите граѓани, дека со своите политики државата ја води на вистинскиот пат, на патот на прогресот и интеграцијата во ЕУ.
– За разлика од некои претходни времиња, денес земјоделците веќе не се манипулирани, нивниот труд е ценет. Напротив, во договор со земјоделците успеавме да воведеме нов систем на субвенции и нивна авансна исплата за земјоделците да ги имаат партите кога им се најпотребни. Започнуваме со програмата ИПАРД 3 со која во модернизација на македонското земјоделство ќе влезат 128 милиони евра, а 17 милиони евра во општините за развој на руралната инфраструктура. Ова е потврда и најсилен доказ зошто сме и зошто треба да останеме на европскиот пат. Ја зголемивме минималната плата, а пензиите се зголемија за рекордни износи. Државата веќе не е заробена и меѓународно изолирана, туку сега забрзано чекориме кон ЕУ, преку процесот на преговори, што го започнавме по 17 години чекање. И сето тоа се успеси што СДСМ ги постигна заедно со вас граѓаните.