fbpx

Мицкоски не бара дебата, го интересира само блокада!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Половина милијарди евра пари за граѓаните во моментов ВМРО-ДПМНЕ блокира во Собранието, јас не гледам зошто би одговорил на барањето на Мицкоски за телевизиски дуел затоа што не го интересира дебата туку блокирање на процесите во државата, рече денеска претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски, во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

-Јас не гледам зошто би одговорил на тоа барање бидејќи Мицкоски воопшто не бара дебата, ќе ви кажам зошто. Прво, еве за најновата тема која што е отворена кај нас а тоа е договорот за изградбата на коридор 10д и 8, договорот со конзорциумот „Бехтел и Енка“ бараа дебата во собранието, го испративме договорот во Собранието, две недели не сакаат да закажат комисија. Потоа бараа дебата за уставните измени, не прифатија да бидат дел од комисијата за уставни измени каде што се води дебатата. Потоа имаме тимови за преговори со ЕУ, каде што од прв ден ги поканивме опозицијата, не учествуваат каде што исто така е место за дебата. Потоа имавме почеток на преговори со ЕУ каде што во преговорите исто така одбија каде што исто така можеа да ги кажат своите ставови.
Единствено нешто кое што го интересира претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, не можам да кажам за целата партија, е блокирање на сите процеси во државата. Во моментов ние имаме во собранието блокирани половина милијарда евра пари за граѓаните. Финансиски средства од ЕИБ, финансиски средства од ЕБОР со исклучително поволни камати. Закони за солидарност. Еве јас јавно кажувам, нека ги откочи тие закони во собранието. Има време за ТВ Дуел, кога ќе дојде време за тоа ќе имаме, рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ додека дека не може институционалната дебата да се заменува со лидерски средби и дебати.

-Имаме институции во кои треба да се води дебата. Ние не можеме институционалната расправа и дебата постојано да ги заменуваме со лидерски средби и со дебати по ТВ. Автопатишта, поволни кредити, институционални реформи не се прават на лидерски средби и не се прават на ТВ дебати. Тие се прават во Владата, во соодветни министерства. Затоа ги повикувам уште еднаш претставниците на опозицијата, доколку им дозволи Диитар Апасиев, бидејќи тој ја води дискусијата во опозицијата, да се приклучат кон процесите кои значат унапредување на државата и интеграција во ЕУ, рече претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски во интервју за Канал 5 телевизија.

Последни вести