Соопштение за јавност
Заради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и нејзината градоначалничка Данела Арсовска, Град Скопје е пред банкрот, со нефункционални јавни претпријатија и со сообраќаен хаос што од ден на ден станува се поголем.
Откако се запали мостот „Беласица“половина град функционира само преку еден мост, а градската власт на ВМРО-ДПМНЕ молчи и не кажува дали ќе преземат нешто и до кога ќе трае санацијата на мостот што ги поврзува Нова Железничка и поранешен Саем, еден од најважните мостови во Градот.
И додека мостот е затворен, граѓаните кои живеат во општините Аеродром, Бутел, Гази Баба и Чаир патуваат со часови од и до своите работни места.
Ако не беше инаетот на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, ако го довршеа мостот на булевар АСНОМ, сега граѓаните од тој дел од градот ќе имаа соодветна алтернатива, а метежот кај МАНУ немаше да постои.
Но ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска решија да не го продолжуваат овој капитален проект и со својата неспособност освен финансиска, предизвикаа и сообраќајна катастрофа во градот.
ВМРО-ДПМНЕ на власт, значи нефункционалност, колапс и хаос.