fbpx

ЦО на СДСМ: Време е за глас за Европа во македонското Собрание за продолжување на европскиот пат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Почитувани,

Во клучни моменти за државата Македонија доби силна поддршка за продолжување на европскиот пат од нашите најголеми и најважни стратешки партнери, САД, за време на посетата на премиерот Димитар Ковачевски.

Централниот одбор цени дека оваа поддршка од САД за целосно заокружување на процесот за членство во ЕУ е исклучително важна за иднината на земјата и на сите наши граѓани.

Во оваа насока Централниот одбор на СДСМ смета дека поддршката за продолжување на европскиот пат е историска шанса и треба да се искористи сега. Затоа што немаме време за губење и затоа што не знаеме дали и кога ќе ја добиеме повторно.

Никако не смееме да дозволиме забавување или застанување на патот кон ЕУ. Особено во услови кога се спроведуваат реформите, скрининг процесот тече одлично и наскоро ќе финишира успешно а преговорите со ЕУ се со обезбеден и зачуван македонски идентитет, јазик и култура.

Оттука, Централниот одбор на СДСМ донесе неколку заклучоци:

Како одговорна и државотворна партија, сè што е до Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ќе биде направено за да продолжи напредокот кон Европската Унија.

Во оваа насока Централниот одбор го задолжи претседателот на партијата да ги спроведе сите неопходни разговори и чекори за Северна Македонија да го продолжи европскиот пат.

Членовите на раководството, пратеничката група, избраните и именувани носители на јавни функции од СДСМ се на располагање и по потреба ќе бидат вклучени во процесот.

Претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски ќе ги информира сите политички партнери од владината коалиција за посетата на САД, искажаната поддршка за земјава и реформите за продолжување на европскиот пат.

Започнатиот процес на неопходни реформи, измени, мерки и активности СДСМ ќе ги спроведе во интерес на граѓаните и државата, заедно со своите коалициски партнери.

СДСМ ги повикува сите политички и општествени чинители во македонското општество на обединување околу европската иднина и продолжување на европскиот пат.

Заедно да обезбедиме глас за Европа во македонското Собрание. Тоа ќе биде глас на мнозинството за македонска европска иднина.

Последни вести