Соопштение за јавност
Недозволиво е најголемата и најбогата единица на локалната самоуправа да се доведе во таква ситуација со блокирана сметка, а за 2023 година беше изгласан буџет во вредност од 100 милиони евра, истакна координаторка на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје Љубица Јанчева во емисијата „Вин Вин“ на телевизија Телма.
Јанчева додаде дека Град Скопје не почнува и не завршува со градоначалничката Данела Арсовска, секој градоначалник досега наследил долгови, но ниту еден не го довел градот во таква ситација, а уште не е ни на половина од мандатот.
Побаравме вонредна седница по информацијата дека една сметка на градот е блокирана и тоа во понеделникот, а се уште немаме абер од вонредна седница. Одоговнорста ја барам кај претседателот на советот затоа што согласно деловникот е должен да ја закаже седницата, рече Јанчева, додавајќи дека тоа е класична узурпација на функцијата претседател на Советот.
Јанчева нагласи дека треба да има вонредна седница и за мостот Беласица, на која треба да се донесат заклучоци и да и се дадат задолженија на градоначалничката Арсовска од ВМРО-ДПМНЕ.
На претходното гостување реков дека сведочиме за заробен град, сега сведичиме и за блокиран град, а не би сакала на следното да речам дека сведичиме за колабиран, банкротиран град, рече координаторка на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје Љубица Јанчева во емисијата „Вин Вин“ на телевизија Телма.