fbpx

Заев: Македонија заслужува чиста препорака, очекуваме да биде потврдено она што е сработено

Facebook
Twitter
LinkedIn

Одговори на новинарски прашања,
Зоран Заев, претседател на СДСМ,
Скопје, 16.04.2018

 

Медиуми: Во извештајот од Европската Комисија кои се вашите очекувања и што точно може да се очекува?

Знаете јас, сакам да споделам со јавноста, еве во очи на доаѓањето на Комесарот Хан, на високата претставничка Могерини само тоа што е факт, факт е дека сработивме. Сработивме, и Македонија навистина заслужува кристално чиста препорака, важен ни е вордингот или зборовите во таа препорака, заради тоа што тоа е за нас или охрабрување, или обесхрабрување, но ај за нас, важно е за граѓаните. Важно е за сите вклучени во реформските процеси, после оваа препорака, Македонија продолжува со реформите. И навистина ако биде потврдено тоа што е сработено, значи само за тоа очекуваме да биде номинирано, ако биде потврдено со добар вординг и добри зборови, и добиеме кристално чиста препорака, верувам дека заслужено ќе добиеме и ќе биде тоа дополнителна мотивација да продолжиме понатаму со рефрмите.

Медиуми: Господине Заев, ќе откриете ли нешто околу најавуваната реконструкција, дел од информациите коишто се објавуваат се можеби дека Министерката Десковска ќе влезе во Правда, заменикот во Образование Министер, може ли нешто конкретно да ни одговорите?

Значи не сме дошле до таму, јас реков до крајот на месецот ќе разговарам, треба да знаете дека прво редот е да видиме за колку ќе порасне и ако порасне тоа парламентарно мнозинство, согласно тоа, како следна фаза би било некои комбинаторики околу луѓе, кадровски решенија, персонални решенија поврзани. Така да, навистина е се уште рано за такви работи.

Медиуми: Од партијата на Села кажаа дека нема да биде дел од парламентарното мнозинство, со кого разговарате во моментов?

Значи, разговарам со другите партии од опозицијата генерално во Македонија.

Медиуми: Кога ќе биде лидерската во однос на пораките коишто треба да ги пренесете за името? Дали опозицијата и Претседателот ќе ги запознаете со тоа?

Да, значи веројатно нема да има лидерска заради тоа што немаше некој посебен исчекор во Охрид, Верувам дека ќе има веројатно средба односно меѓусебно информирање од страна на Министерот за надворешни работи или од моја страна, и на Претседателот на државата и на шефот на опозицијата, заради тоа што тие заклучуваат дека навистина нема нешто толку значајно коешто би било основ за лидерска средба, ние тоа го почитуваме, за нас е важно да бидат сите информирани и секако да ги споделиме идеите за следните стратешки чекори. Редот е не само да се информираме туку и взаемно да консултираме, стратегиите и чекорите којшто ќе ги преземеме за да конечно очекуваме национално единство и консензус поприличен во државата по вака важни прашања.

Медиуми: Грчките медиуми веќе ги пренесуваат ставовите на Грчката опозиција и власт, во последните ваши изјави околу името. Како го коментирате тоа што сега сте на првите страници во Грчките медиуми?

Значи еден дел е прво дека водиме транспарентен процес, второ е дека и граѓаните треба да знаат дека водиме грижа еден за друг, точно е постојат разлики од самиот почеток, постоеле 27 години, но исто така е точно дека имаме и исчекор во преговарачкиот процес, секако до крај не се решени работите, но прво е добро што граѓаните на двете земји се поприлично упатени, второ е добро што навистина никогаш не постоеле подобри услови за преговарачкиот процес, ниту пак поголема извесност за пронаоѓање на решение на овој горлив проблем, јас само испраќам порака дека треба да продолжиме навистина по за сето ова со взаемна грижа за позициите од другата страна на преговорите, буквално ние да водиме грижа за грчката страна, така и тие за нашата страна за да можеме до крај да се обидеме да направиме се, со целата памет што ја имаме, со целата креативност, да двете страни бидат задоволни од конечното решение и подеднакво незадоволни.

Медиуми: Што доколку не се постигне компромис?

Прво јас навистина многу малку или воопшто не размислувам доколку не се постигне, ако не се постигне веројатно ќе продолжиме со разговорите, реформите ќе продолжат во државата, економијата ќе продолжи. Оваа е важна трака по која што се води Македонија, но и неколку други траки се исто така отворени, јас знам дека ние и да не најдеме решение на проблемот со Грција мораме да градиме пријателство, јас ќе продолжам да градам пријателство, ќе подадам рака и ќе се обидувам за два месеци, за пет месеци, за година дена да се изнајде решение. Но, ова би било според мене, еден промил, еден посто од потребата, искрено посакувам да се најде решение, заради тоа што имаме многу што да работиме во иднина, имаме многу малку договори помеѓу двете земји, а сме соседски земји, имаме многу што да подобриме во интерес на граѓаните на двете страни, така да претстојат многу други задачи покрај овој проблем којшто постој помеѓу двете земји.

Медиуми: Господинот Иванов уште го нема потпишано указот за Законот за јазиците, иако во петокот Бујар Османи рече дека има два дена рок да го потпише, што ќе преземете по ова прашање?

Не може оваа работа со рокови. Јас можам да ја искористам оваа прилика само да апелирам уште еднаш претседателот на државата да го потпише овој закон, законот е три пати гласан во Собранието, и буквално со тоа се дерогира и буквално се уништува целата функција на Парламентот, ние сме парламентарна демократија и притоа овој закон ако се пушти во сила ќе видат дека навистина нема никаква болка во него туку напротив ќе не растерети од едно време коешто се уште постој во државата од својата самостојност до денеска на меѓуетнички план, така растеретени ќе можеме навистина да се посветиме на креативни работи на важни работи којшто се важни подеднакво за сите граѓани на Македонија. Паралелно работат и размислуваат правни советници и од внатре од партиите и од институциите, но и надвор од институциите ако најдат некое решение правно –формално веднаш ќе го соопштиме во јавноста, но редот е прво да очекуваме дека претседателот на државата да го потпише указот.

 

 

 

 

 

Последни вести