Претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, во синоќешното обраќање пред пратениците во Собранието на Република Македонија, апелираше на одговорно однесување и инклузивност, повика на конструктивен придонес од сите за спроведување на реформите во интерес на граѓаните и државата.
„Да направиме од Република Македонија современа, европска држава и општество достојно за живот на сите граѓани, без исклучок, и конечно да ги оствариме нашите стратешки цели- членство во НАТО и ЕУ.
Да не запаметат како генерација која ги оствари стратешките интереси на државата и на граѓаните“ порача премиерот Заев.