Изјава за медиуми,
Александар Кирацовски, генерален секретар на СДСМ
Битола, 11.03.2018
Почитувани,
Денеска во Битола ќе маршираме во чест на депортираните еврејски семејства од Македонија, од Битола жртви на Холокаустот, со што до светот испраќаме порака за мир, заедништво и соживот.
Преку овој марш симболично ќе ја претставуваме патеката по којашто токму тука од Битола чекореле 793 семејства коишто биле депортирани.
Овој трагичен настан во Битола испраќа порака до светот, како истиот може да биде суров, може да биде ранлив доколку навреме не се спротивставиме на злото.
Затоа, денеска на 75-годишнината од депортацијата на евреите од Битола и Македонија, чекорејќи по нивните стапки, до светот ќе ја испратиме пораката за соживот, мир, а овие настани да останат во историјата и никогаш да не се повторат.