Соопштение за јавност
Христијан Мицкоски продолжува по стапките на Никола Груевски, делува против интересите на граѓаните, против концептот едно општество и европските вредности со што нанесува штета на државните интереси.
Видливо е лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи оваа партија го прифати Законот за употреба на јазиците во надеж дека ќе формира влада. Откако не успеа, денеска законот го користи единствено како изговор за блокада на реформскиот процес.
Очигледно кога зборува за некакви политички концесии Мицкоски мисли на концесиите што му ги оставил токму Никола Груевски.
Наместо промовирање на политиките на поделби коишто граѓаните ги поразија, Мицковски треба да смогне сили, вистински да ја реформира ВМРО-ДПМНЕ во партија којашто ќе дефинира соодветен начин на политичко делување во интерес на граѓаните и државата.
Законот за употреба на јазиците е целосно во согласност со Уставот и во интерес е на сите граѓани. Без разлика на штетното дејствување на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија станува модерна, демократска држава и се гради како едно општество на еднакви граѓани.
Концептот едно општество за сите е концепт за иднината на Република Македонија.
Скопје, 12.03.2018
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА