fbpx

„Рамо до рамо до победа“ во Струмица, Кавадарци и Босилово: Додека ВМРО-ДПМНЕ шири лажни вести, ние за два месеца исплативме над 60 милиони евра кон земјоделците

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“ денеска меѓу граѓаните на Струмица беа Љупчо Николовски и портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Пред присутните, Николовски истакна дека земјоделците најдобро знаат какава е разликата помеѓу одговорниот однос на СДСМ и лажните вести и обвинувања што секојдневно ги пласира ВМРО-ДПМНЕ.

– ВМРО-ДПМНЕ ги потценуваа земјоделците додека беа на власт, а сега кога се во опозиција ги лажат и манипулираат. Пред неколку месеци безобразно лажеа дека ќе немаме леб, дека ќе немаме брашно или зејтин, бидејќи само тоа и го знаат. А лажат и денес дека наводно се увезува отровен зеленчук. Ние на таквите лаги се спротивставуваме со работа, со меки и политики. Само за овие два месеци исплативме над 60 милиони евра кон 78.000 земјоделци. Подготвивме нова мерка со грант до 10.000 евра за малите прозводители на храна од животинско и неживотинско потекло да набават опрема за да го модернизираат своето производство и да можат да се регистрираат во АХВ за легално да може да продаваат од праг или фарма. Тоа се клучни огромни разлики, порача Николовски, додавајќи дека разликата се гледа и во водењето на општините посочувајќи го примерот со општина Струмица која раководена од Костадин Костадинов продолжува забрзано да се развива.

Во општина Кавадарци беше членот на комисијата за земјоделство на СДСМ, Гоце Георгиевски.

Продолжуваме да ги поддржуваме малите семејни винарии со грнат до 10.000 евра за набавка на опрема за производство. Преку нова мерка обезбедивме и поддршка на малите производители на алкохол и дестилерии со грант до 5.000 евра за набавка на опрема за производство. Лозарите, винарниците гледаат што значи партнерскиот однос што го имаме, порача Георгиевски.

Во општина Босилово беа Кирил Парталов и Размена Чекиќ кои пред присутните порачаа дека СДСМ ќе продолжи да се грижи а сите граѓани, да инвестира во секое населено место низ државата.

Последни вести