fbpx

На иницијатива на советниците од СДСМ во Гостивар е формиран Локален младински совет

Facebook
Twitter
LinkedIn

На иницијатива на советниците од редовите на СДСМ, Советот на општина Гостивар донесе одлука за формирање Локален младински совет.
Младинскиот совет е составен од 11 младинци од општина Гостивар и има мандат од две години.

Поддршката на младите и младинските политики, на нивното учество и застапеност во општествените процеси е влог во иднината.

Препознавањето на младинските потреби и предизвици, нивното решавање, во соработка со самите млади и обезбедувањето соодветни сервиси за нив е меѓу приоритетите на СДСМ.

Локалниот младински совет е нов предизвик кој има за цел да го зголеми учеството на младите во општината и локалната заедница.
Ги поттикнуваме младите и ја зајакнуваме нивната улога во рамки на општеството.

Последни вести