Прес-конференција, Мартин Костовски, пратеник на СДСМ
Почитувани граѓани,
Пред нашата земја и целиот наш народ е исправена одлука со која имаме шанса да го продолжиме европскиот пат, да ја обезбедиме европската иднина на земјата.
Скрининг процесот успешно се спроведува и наскоро ќе заврши.
Успеавме македонскиот јазик да го заштитиме и да го обезбедиме на ниво на јазиците на земјите членки на Унијата.
Време е за глас за Европа во македонското Собрание за продолжување на европскиот пат и остварување на уште една стратешка цел: членство во ЕУ!
Со тоа и да ги затвориме сите идентитетски прашања еднаш-засекогаш.
Изборот пред секоја политичка партија е интеграција или изолација.
Проевропски блок за европска иднина или анти-европски блок за изолација.
Христијан Мицкоски, наместо со денови да молчи треба да излезе пред јавноста и да каже што одлучил.
Дали ќе се приклучи кон европскиот блок или ќе остане во заложништво на Левица во анти европскиот блок.
На лидерска средба се оди со став.
Пред Мицкоски е моментот на вистината.
Затоа, го повикуваме да не врти од околку, да не менува ставови во секоја изјава, да си ги среди ставовите и да каже што одлучил:
ЕУ или Левица?