fbpx

„Рамо до рамо до победа„ во Охрид, Кичево и Василево: СДСМ е тука за граѓаните, за повисоки плати и пензии, за рекордни инвестиции во енергетиката и инфраструктурата

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Караванот „Рамо до рамо до победа“ продолжува на терен, меѓу граѓаните.

Претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Јована Тренчевска денеска беше меѓу граѓаните на општина Василево.

– Грижата се секој поединец е врвен приоритет за СДСМ и ние тоа го покажуваме на дело. За работниците ја зголемивме минималната плата на 20.17 денари, за пензионерите ги зголемуваме пензиите на секој шест месеци, за ранливите категории граѓаните минималната гарантирана помош ја зголемивме за неколку пати, обезбедивме и надомест за стечајните работници, но и државна социјална пензија за оние граѓани кои не исполнуваат услови за стекнување пензија. Сето тоа го правиме во партнерски однос со нашите сограѓани и така и ќе продолжиме и во иднина, затоа што СДСМ е тука за граѓаните, порача Тренчевска.

Во општина Охрид беа Дарио Николовски и Магдалена Грашковска .

– Со мудри, ефикасни политики успеавме да ја пребродиме светската енергетска криза, но и рекордно да го зголемиме домашното производство. Правиме енергетска трансформација на државата инсталирани се 283 мегават часови од обновливи извори и веќе се подготвуваме за следна грејна сезона, порача Николовски.

Во Кичево беа Наумче Мојсоски и Вангелија Велева кои пред присутните истакнаа дека со изградбата на коридорот 8, Кичево ќе стане многу подобро поврзан град што ќе отвори можност за засилен економски развој и на градот, но и на регионот.

Последни вести