fbpx

Рамо до рамо со граѓаните на Пехчево: Глас за Европа е клуч за македонската иднина

Facebook
Twitter
LinkedIn

Интензивните теренски активности на СДСМ, рамо до рамо со народот, продолжуваат со повеќе средби ширум републиката.

Во Пехчево денеска рамо до рамо со граѓаните беа генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски и претседателот на партиската Комисија за транспорт и врски, Митко Трајчулески.

-Глас за Европа е клуч за македонската иднина. Отвора врата на можности за подобар живот ама и за вградување на македонскиот идентитет во европскиот, што значи негово обезбедување за навек. Имаме историска шанса која не смееме да ја пропуштиме, да исполниме уште една стратешка цел, членство во ЕУ. Сами да ја кроиме нашата судбина, ние да одлучуваме за нас ама и за Европа, рамноправни на големата маса, рамо до рамо со силните европски држави, рече на маалска средба генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски.

Одлуката пред општествени чинители и пред сите пратеници е интеграција или изолација, додаде Зечевиќ и ги повика пратениците да ги стават националните и државни интереси на прво место.

-Ги повикувам политичките партии, вклучително и ВМРО-ДПМНЕ да размислат, да се одважат и да се приклучат на блокот за ЕУ, на патот за европска интеграција. Глас за Европа е глас за сигурна иднина, на стабилност, безбедност и економски раст. Нека вашиот глас биде катализатор кој ќе го забрза напредокот на земјава а воедно ќе стави крај на историските неправди и негирања. Да бидеме заедно во новиот национален успех, за Европска Македонија, рече Зечевиќ попладнево на маалска средба со жителите на Пехчево.

Последни вести