Соопштение за јавност
Економските политики на Владата предводена од СДСМ за зачувување на животниот стандард на граѓаните даваат конкретни и видливи резултати.
Официјалните податоци од Државниот завод за статистика ги потврдуваат нашите заложби и прeземените чекори за намалување на инфлацијата и зголемувањето на платите во нашиот мандат.
Инфлацијата за месец мај 2023 е на ниво од 11,3% споредено со истиот месец од 2022 година, но трендот на намалување на инфлацијата е очигледен.
Од 19,8% во октомври 2022 година, на 11,3 % за претходниот месец, што е сериозно намалување на инфлацијата.
Од друга страна го имаме растот на платите кој за првите три месеци се движи во интервалот од 12,4% до 13,2% повисока просечна плата споредено со истиот период од лани.
Сето тоа е поради навремените и ефикасни економски политики на Владата предводена од СДСМ која со сиот свој капацитет се справи со негативните последици од најголемата економска криза во Европа по Втората светска војна.
СДСМ, како одговорна партија продолжува со грижа за сите граѓани, продолжува да презема конкретни мерки и чекори што значат заштита и унапредување на животниот стандард.