fbpx

Добро е што ВМРО-ДПМНЕ не е против уставните измени

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ повторно покажа државнички капацитет и уште еднаш потврди дека иднината на граѓаните и интересот на државата се на прво место.

Затоа и предложивме обединување околу европскиот концепт, ВМРО-ДПМНЕ да се приклучи во обединета Влада за европска интеграција на паритетна основа.

Добро е што ВМРО-ДПМНЕ не е против уставните измени, дијалогот треба да продолжи за на крајот сите да изградиме заеднички став дека за земјава е најдобро да биде интегрирана во ЕУ.

Одлуката за ЕУ треба да е заедничка, затоа и повикуваме на обединување околу стратешкиот правец на земјата, за обезбедување европска иднина и исполнување на уште една стратешка цел, членство во ЕУ.

Македонскиот јазик и идентитет се заштитени.

Изборот пред секој политички субјект е интеграција во ЕУ или изолација.

Последни вести