fbpx

Заев: Зголемени субвенции до 18000 денари за засеан хектар ориз овозможуваме живот за сите во Кочани

Facebook
Twitter
LinkedIn

Обраќање,
Зоран Заев, претседател на Социјалдемократски сојуз на Македонија
Кочани, 07.10.2017

 

Имам добри вести за Кочани. Николче Илијев – Коле ќе биде новиот градоначалник на општина Кочани. Еве вечерва ќе кажам една тајна. Нашите анкети покажаа без никакви дилеми Николчо е најпосакуваниот кандидат за градоначалник од сите кандидати во цела Македонија.

Конечна цел е да најдеме работни места за младите и тоа по достоинствена плата. Затоа почитувани млади, нема повеќе напуштање на државата. Ќе останете тука, ќе живеете тука, ќе работиме тука, семејства ќе создаваме тука. Исплативме повеќе од 60 милиони евра субвенции на земјоделците кои легнаа директно на сметките на повеќе од 50 илјади земјоделци.

Почитувани граѓани, отпочнавме процедура и веднаш после изборите Владата ќе донесе одлука за зголемување на субвенциите до 18 илјади денари по хектар за засеана површина за ориз, однос дополнителни 12 илјади денари на веќе постоечките субвенции. Продолжуваме да ве поддржуваме со плус уште 6 илјади денари во наредната година. Ние веруваме дека ова златно зрно овде што го произведуваме не е само традиција, туку е хранилка на нашиот народ и треба да опстои со отварање на нови пазари и дополнителни поддршки од државата.

Заедно имаме намера да работиме централната и локалната власт на сите важни проекти за општина Кочани. За да можеме заедно да им помагаме на луѓето за да докажеме дека смислата на постоење на локалната и централната власт се граѓаните, се секој наш поединец, секој жител и на Кочани и на Македонија.

Вечерва почитувани граѓани на Кочани со кренато чело коешто носи неколку лузни на него барам поддршка за Коле Илиев, барам поддршка за оваа советничка листа.

Ве замолувам, ве повикувам да продолжиме да го поддржиме прогресот на Кочани и на Македонија, да гласаме за живот во Кочани, за живот во Македонија.
Да живее Кочани, да живее Македонија!

 

 

Последни вести