fbpx

Заев: Под овие услови рудникот во Иловица е недозволив, мора да го штитиме здравјето и животот на граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Обраќање,
Зоран Заев, претседател на Социјалдемократски сојуз на Македонија
Ново Село, 07.10.2017

Ќе одговорам на овие транспарентни за да го знаете нашиот став и како Влада и како политичка опција и како коалиција. Јас го соопштив ставот на Владата. Ставот на Владата е многу логичен. Нешто што го чекaа граѓаните и заради тоа Социјајдемократскиот сојуз на Маекдонија стоеше позади граѓанските организации, поддржувајќи ги во нивната борба. Едно да биде јасно. Лично јас и Владата сме против рудниците и ќе направиме се за да го заштитиме здравјето и животот на нашите граѓани. Рудникот во Иловица, ниту е еколошки органзииран, ниту имаат геотекстил, а сакаат со цијанид да ја лужат рудата.

Ова во Македонија е недзоволиво, во мојот плоден струмички крај е недозволиво. Затоа, нашиот став е јасен. Овој наш народ живеел со својата пот, со земјоделската мака и со својот труд. Ние ќе отвориме перспективи со она што е наш, овде ресурс, а нашиот ресурс е нашиот народ, убавото сонце што Господ ни го дал, плодното земјиште овде што го имаме и љубовта кон струмичкиот регион и Република Македонија. Затоа, благодарам на транспарентите, заедно сме со вас, за здравјето и за животот на нашите граѓани. Да сте живи и здрави, да живее Ново Село!

 

 

 

Последни вести