fbpx

Мицкоски не дава одговор каква е неговата корист од фирмата на неговиот баџанак отворена во Бугарија за време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Како што се доближуваат претседателските избори, така и нервозата во белиот дворец станува се поголема.

Христијан Мицкоски и денеска молчи и на даде одговори за фирмата на неговиот баџанак Јорданчо Јанев, „Дано Транс ЕООД“ формирана во Бугарија во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски и остана должен на јавноста да одговори кој е неговиот личен интерес од фирмата на неговиот баџанак бидејќи станува збор за фирма од најтесното семејство на Хидро Мицкоски.

Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не научија дека со ништо не можат да ја попречат вистината да излезе на виделина.

Нервозата кај Мицкоски е разбирлива, но јавноста од него очекува јасни и директни одговори.

Скопје, 28.03.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТ
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести