Соопштение за јавност
Се поочигледна е нервозата и паниката во ВМРО-ДПМНЕ од тоа што секојдневно им се разоткриваат измислиците и лажните вести.
Денешниот обид, да се попречи прес-конференцијата на портпаролот на СДСМ пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ е доказ дека кулминира нервозата во белиот дворец.
ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски не научија дсека ништо не може да ја попречи вистината да излезе на виделина.
СДСМ ги разбира нервозните реакции по дебаклот на ТВ дуелот и паниката на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски од извесниот изборен пораз.
Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, симболите на лажни вести остануваат закотвени во матрицата на Никола Груевски и затоа граѓаните ќе ги казнат за нивното деструктивно и антинародно однесување.
Скопје, 27.03.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТ
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА