Соопштение за јавност
По 11 години изолација и уназадување на државата и целосно уништување на економијата од страна на ВМРО-ДПМНЕ, економијата конечно е стабилизирана и се движи во добар правец.
Вратена е довербата во економијата, доказ за тоа е рекордниот број на странски инвестиции од 624,5 милиони евра во 2018 година, како и растот на бруто домашниот производ од 3,7 отсто во последниот квартал. Отворени се 26 илјади нови работни места за само една година, а невработеноста опаѓа на историско најниско ниво, под 20 отсто.
Тоа е препознаено и од странските инвеститори. Дури 78% од германските инвеститори кои работат во земјата покажуваат подготвеност повторно да инвестираат.
Времето на уништување на економијата, на расипничко задолжување и осиромашување на граѓаните, заврши со заминување на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.
Владата предводена од СДСМ обезбедува продолжува со спроведување на економските мерки што овозможуваат економски раст, повисоки палти и обезбедуваат поволна клима за нови странски инвестиции и задржување на постојните.
Скопје, 28.03.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТ
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА