Соопштение за јавност
На претстојните претседателски избори треба да покажеме демократска зрелост и одговорност пред државата, граѓаните да го искористат правото на глас, а изборите да бидат беспрекорно чисти, порача Заев додавајќи дека за него успех е изборите да бидат кристално чисти и фер без бојкот од опозицијата.
-Успех за мене се изборите да бидат кристално чисти, фер, регуларни. Одиме кон Европа, да се однесуваме европски. Победата на заедничкиот кандидат Стево Пендаровски е потврда за владините политики, потврда дека одиме заедно напред, сето друго е враќање кон темното минато, враќање кон поделбите и блокадите во државата, порача Заев.
Претседателот Заев го повика Мицкоски да одговори дали е против бојкот на изборите.
-Ред е Мицкоски да каже став, еден одговор, дали е против бојкот на изборите во вториот круг и дали ќе понесе одговорност. Ако не го соопшти јасно тој став, ако не повика на масовна излесност, на фер и демократски избори, значи борбата е неговата фотеља, рече Заев.
Скопје, 26.03.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА