fbpx

Мицкоски не може да убеди сестрински партии за Резолуција а не за нешто повеќе

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Германскиот Бундестаг донесе посебна Резолуција за поддршка на членството во ЕУ и признание за македонскиот јазик, идентитет, култура и посебност.

Тоа е уште еден успех на македонската дипломатија, на државничкиот однос на СДСМ.

За Резолуцијата, во Бундестагот гласаше сестринската партија на СДСМ, додека сестринските партии на ДПМНЕ беа категорично против Резолуцијата.

Христијан Мицкоски е единствениот кој не лобирал за Резолуцијата во германскиот Бундестаг.

Тоа е истиот Мицкоски кој јавно зборува дека е можно да се смени преговарачката рамка, кој вели дека може да издејствува подобар договор.

Ете колку може. Мицкоски не може да убеди сестринските партии да ја поддржат Резолуцијата за македонскиот идентитет во германскиот Бундестаг а не нешто повеќе.

Тој не може ништо да издејствува позитивно за земјата, за граѓаните, ниту за македонскиот народ, но откако ги прифати уставните измени, сега има историска шанса да се престрои на вистинската страна.

Се што Мицкоски треба да стори е да предложи тим што ќе учествува во дијалогот и ќе ја обезбеди европската иднина на државата.

Последни вести