fbpx

Шилегов: Отстапуваме градски простори за поддршка на бизнис, младите сами да создаваат работни места

Facebook
Twitter
LinkedIn

Одговори на новинарски прашања:
Петре Шилегов, кандидат за градоначалник на Скопје
Скопје, 30.09.2017

П1: Младите работат по 12.000 денари, и тоа вработени преку партиските штабови, како ќе го решите ова?

Целокупниот општествен и државен систем во Република Македонија беше воспоставен да партијата биде над државата и над граѓаните. Веќе во изминативе четири месеци граѓаните на Македонија може да видат дека политиката може да работи сосема поинаку, суштината токму и на овие локални избори е да ги вратиме граѓаните во центарот на збиднувањата, бидејќи не можете да решите нечии проблем од канцеларија. Морате да ги видите луѓето, да разговарате за нивниот проблем и потоа да донесете заедничка одлука со луѓето, со граѓаните. Конкретно, за младите во Скопје, во инфраструктурата која што во објектите којшто пропаѓаат, а се во сопственост на градот или во зоните во којшто е тоа можно да се изведе со минимални вложувања, верувајте доколку имате искрен приод ќе ги создадеме така наречените младински „хабови“, каде што за почеток на бизнисот и за задржување, за застанување на две нозе на бизнисот, младите ќе ја добијат поддршката од градот, ново отворените фирми создадени од младите лица ќе бидат, симболично како за почеток, за поддршката, ослободени од комуналните такси. Во тие „хабови“ ќе биде доведена целокупната инфраструктура и ќе биде ставена на новите фирми на услуга на достап за субвенционирање, да не речам по бесплатни цени со цел да младите луѓе се охрабрат и самите го создадат своето работно место за да не работат за 12.000 денари.

 

 

 

Последни вести