Соопштение за јавност
За разлика од ВМРО-ДПМНЕ кога се потценуваа земјоделците и не се ценеше нивниот труд, по промените, Владата на СДСМ покажува што значи вистинска грижа за нив.
ВРМО-ДПМНЕ нема кредибилитет да зборува за земјоделците, кои 11 години беа целосно заборавени.
Во однос на одгледувачите на овошни насади, факт е дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој минатата недела исплати 5,5 милиони евра субвенции за одржување на овошни насади на 9.146 земјоделци.
Во оваа сума спаѓаат субвенции за јаболки, сливи, круши, кајсии, вишни, цреши, јагоди, малини, капини, боровинки, дуњи, мушмули, маслинки, јапонско јаболко, аронија, рибизла, гоџи бери, бадеми и лешници.
Со исплата на субвенциите за одржување на насади со јаболка, Министерството за земјоделство ги исполни сите барања на производителите на јаболка, и тоа 14 дена порано рокот кој го бараа овоштарите.
Претходно беше реализирано барањето за продолжување на мерката за дополнителнa субвенции од 3 денари до 30 – ти јуни годинава. Со оваа одлука се очекува да се откупат до 30.000 тона јаболка, што се нови 90 милиони денари за производителите на јаболка.
Оваа дополнителна мерка е воведена минатата година, а во периодот откако стапи на сила до денес се откупени околу 50 илјади килограми јаболко.
Тоа се 2 до 3 пати повеќе од било која година претходно. Тоа се околу 2,5 милиони евра повеќе пари коишто оваа година кај производителите на јаболка во преспанскиот регион.
Јасно е, Министерството за земјоделство континурано се грижи за одгледувачите на јаболки и за сите земјоделци.
Скопје, 23.03.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА