Одговори на новинарски прашања,
Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ и коалицијата,
24.03.2019, Скопје,
Медиуми: Околу договорот за Законот за ЈО, односно за одредбите за Законот за СЈО со ВМРО ДПМНЕ
– Од она што го слушнавме од работните групи дека нема никакво поместување во ставовите, знаете дека позицијата на СДСМ е јасна, недвосмислена и принципиелна, тоа значи дека нема да биде променлива, затоа што тоа е во согласност со препораките од ЕУ, а тоа е обезбедување на вистинска правна држава. За жал најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ, не го поддржува целиот тој процес водејќи се од нивните основни принципи, а тоа е амнестија за криминалите на претходната власт предводена од ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски.
Медиуми: Што ќе правите доколку не се постигне договор со ВМРО ДПМНЕ?
– Си има Собраниска процедура кадешто пратениците одлучуваат согласно нивното сопствено убедување, јас верувам дека сите мои колеги во Собранието како пратеници имаат навистина искрени намери да воспоставувањето на правната држава во Република Северна Македонија стане пракса. Тоа ние треба да го покажеме.
Медиуми: Имате ли почнато разговори со пратениците за да го добиете она мнозинство што ви требаше и за Уставните промени?
– Како одговорна партија СДСМ дава шанса на дијалогот, ред е да разговараме со најголемата опозициска партија, ќе видиме каков ќе биде епилогот од тие средби, да потоа едноставно целиот тој разговор помине во Собранието.