Соопштение за јавност
Едни исти лаги се пласираат од прес конференциите од Белата палата. Таргет за лагите на ДПМНЕ е работата на професионалната и независна Оперативно-техничка агенција.
Прислушкувањето на граѓаните заврши со заминувањето на режимот на ДПМНЕ. Сега се градат демократски институции кои им служат на граѓаните.
Тоа ДПМНЕ нема капацитет да го разбере затоа што нивната режимска матрица е фокусирана само на злоупотреби како што правеа 11 години.
ДПМНЕ ги руна институциите и сега се обновуваат врз основа на закон и спроведени реформи на безбедносните служби во еден демократски и транспарентен процес.
Лагите на ДПМНЕ веќе се демантирани и од самата ОТА, се спроведуваат постапки низ соодветна, законска процедура, под целосен надзор и контрола и со позитивно мислење од надлежните институции.