Соопштение за јавност
Ќе направам сѐ за Северна Македонија да оди напред кон ЕУ. Ова е една од пораките која денеска ја упати претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски од трибина во Куманово, на тема „МК во ЕУ до 2030“, “Резултати што прават разлика“.
Ковачевски порача дека СДСМ со коалициските партнери ќе направат сѐ, целосно да ја искористат оваа шанса која како што посочи тој – нема да ја добиеме повторно.
„Сум го кажал ова, и ќе го кажам пак, Северна Македонија ќе оди напред и ние ќе ја исполниме нашата стратешка цел – полноправно членство во ЕУ. Подобар договор ние нема да добиеме и тоа е јасно какко ден. Ново вето нема да има, тоа го кажаа сите релевентни меѓународни фактори. ЕУ е нашата единствена алтернатива, а нашата визија за просперитетна земја обединета со Европа отсекогаш била во срцето на мисијата на нашата партија. Денес ја потврдуваме нашата посветеност оваа визија да стане реалност до 2030 година“, порача Ковачевски од денешната трибина во Куманово.