fbpx

Костовски: Даваме шанса ДПМНЕ да се освести и да учествува во донесување на една стратешка цел

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Пратеникот на СДСМ Мартин Костовски во емисијата „Само вистина“ на канал 5 телевизија истакна дека во СДСМ се уште има оптимизам за донесување на уставните измени.

Даваме шанса ДПМНЕ да се освести и да учествува во донесување на една стратешка одлука за цел која е запечатена уште од 1991, истакна Костовски, додавајќи дека со лидерската средба се отвори едно ново поглавје во ставовите на ДПМНЕ, откако повеќе од 13 месеци за нив не беше прифатлива самата преговарачка рамка, самиот француски предлог, не беше даден легитимитет на собранието за да гласа за амандмани и сега се тоа се смени.

Костовски изрази задоволство дека Мицкоски освен со посетите во Унгарија кај Виктор Орбан и поранешниот претседател Никола Груевски после подолг период разговара со релевантни претставници на ЕУ.

Мицкоски денеска во Брисел ја кодошеше владата за се и сешто, дека небаре некој му прави притисок за уставни измени и сега посакувам да не се наоѓам во кожата на тој човек, бидејќи едно е да разговараш на телевизија, јавно и по митинзи и месни комитети, а друго е кога ќе отидеш во релевантни центри во ЕУ, но тоа е сега негов проблем, рече Костовски.

Тој нагласи дека конзистенстноста на ставот на СДСМ е сите овие месеци наназад и тој останува, и ги охрабри пратениците на ДПМНЕ да излезат од мантрата на слепи послушници на Никола Груевски и да не бидат главни антимакедонисти во овој период.

Кога Борел ќе каже дека нема пречки за интеграција на Македонија и дека билатералните прашања нема да бидат обврзувачки, работењето против уставните измени со внесување на Бугарите во уставот е еднакво да се ставиш во улога на некои земји кои деградирачки се однесуваа во последните децении кон нашата држава, нагласи Костовски, додавајќи дека идентитетот е заштитен и потврден, а последната резолуција од Бундестагот потврдува дека уште лага заврши во корпа за отпадоци.

Не ја тргаме подадената рака. СДСМ е достапен, се надевам дека ДПМНЕ нема да биде недостапно во моментот, ве чекаме што поскоро да се јавите во интерес на државата. ДПМНЕ нема ништо да изгуби, нека не се плаши за рејтингот, за што ќе кажат од месните комитети на ДПМНЕ, сега е шансата што не треба да се пропушти. Ние сакаме да оставиме нешто за идните генерации, порача пратеникот на СДСМ Мартин Костовски во емисијата „Само вистина“ на канал 5 телевизија.

Последни вести