fbpx

Костадиновска Стојчевска: Законот за македонски јазик да биде изгласан во најразумно време

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Потпретседателката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска за утринската програма на Канал 5 телевизија изрази очекување дека законот за македонски јазик ќе биде изгласан во најразумно време.

Предлогот законот за македонски јазик вчера го помина првото читање на пленарна седница во Собранието. Дебата е на високо ниво, на едно конструктивно ниво бидејќи зборуваме за закон за употреба на македонски јазик којшто решивме оваа година заедно со работната група да го претставиме како нов текст. Постоечкиот закон кој бил изгласан во 1998 и кој имаше претрпено само неколку технички промени навистина ја регулираше употребата на македонскиот јазик и неговото кирилично писмо, но, имаше одредени недостатоци, истакна Костадиновска Стојчевска.

Костадиновска Стојчевска рече дека сега законот влегува во амандманска расправа и изрази надеж дека конструктивната дебата ќе продолжи.

Потпретседателката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска истакна дека собранискиот филтер на пленарна седница го помина и законот за државни награди.

Со Законот за државни награди предвидуваме 2 нови држави награди Блаже Конески и Ремзи Несими, за особени достигнувања во македонски јазик и во албански јазик соодветно, исто така се надевам дека ќе се препознае важноста на овие две нови награди, нагласи Костадиновска Стојчевска и упати повик до другите народи во државата да дадат предлози за државни награди за достигнувања во областа на нивните јазици.

Последни вести