fbpx

Нов дебакл на Мицкоски, само 20 пратеници ја поддржаа интепрелацијата што ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе за Спасовски

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Христијан Мицкоски доживеа нов дебакл во Собранието, само 20 пратеници ја поддржаа интерепелацијата што по негов налог ја поднесе ВМРО-ДПМНЕ.

Се појасно е дека Христијан Мицкоски нема поддржка ниту во сопствената пратеничка група, на она што остана од ВМРО-ДПМНЕ.

Дополнително тоа е уште една потврда дека интерпелацијата за министерот Оливер Спасовски беше неоснована.

Собранието на Репубила Северна Македонија изгуби уште еден ден поради Христијан Мицкоски, наместо сите пратеници да се посветат на реформските закони, на законските решенија кои носат придобивки за граѓаните и државата.

Јасна е разликата, од една страна е СДСМ и мнозинството кои работат на спроведување на реформите, на напредокот, на подобрување на животот на граѓаните а од друга страна се Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кои немаат идеја, план, ниту визија.

 

Скопје, 12.03.2019

​ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТ

​СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести