fbpx

Растот на БДП и падот на невработеноста докажуваат: Економијата се движи во добар правец!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Бројни економски параметри ја докажуваат успешноста на мерките и политиките на Владата предводена од СДСМ.

Економијата се движи во добар правец.

Потврда за тоа е растот на бруто домашниот производ од 3,7 отсто во последниот квартал од 2018.

Во истиот период, стапката на невработеност паднала на 19,4 отсто што е историски минимум.

Само во минатата година отворени се нови 26.600 добро платени работни места, а забележан е и рекорден износ на странски инвестиции од 624,5 милиони евра.

Ова не се само обични бројки. Ова се конкретни, реални резултати, ова се нови работни места, повеќе пари и повисок животен стандард за граѓаните.

Владата предводена од СДСМ останува посветена на спроведување квалитетни и одржливи економски политики што обезбедуваат нови работни места, поголеми плати и повеќе пари за граѓаните.

Последни вести