fbpx

Хаосот продолжува, Мицкоски и ДПМНЕ го вратија Скопје 60 години назад

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Гордан Шутаров, советник во Советот на Град Скопје

Почитувани граѓани, почитувани медиуми.

Измина повеќе од една и половина година од мандатот на ДПМНЕ како локална власт во Скопје.

Христијан Мицкоски за време на кампањата за локалните избори, заедно со сите градоначалници на ДПМНЕ во Скопје бараа поддршка од граѓаните и ветуваа модерно Скопје.

Наместо модерно, Мицкоски и ДПМНЕ Скопје го претворија во една голема депонија.

Со денови Скопје се гуши во смет, во нечистотија, во смрдеа изложувајќи ги граѓаните на сериозна опасност од појава и ширење на зарази,особено во жешките денови за што предупредувања добивме и од голем број на доктори и професионалци.

За жал, неспособната локална власт на ДПМНЕ која ветуваше модерен град, за многу краток период создаде нечист град, со нефункционални јавни претпријатија, град во хаос кој уназадува наместо да се развива.

За 20 месеци ДПМНЕ го врати Скопје назад за 60 години.

Довербата којашто скопјани им ја дадоа на Мицкоски, ДПМНЕ и Арсовска ја изневерија целосно, за што бараме јавно да им се извинат на граѓаните.

Не е само сметот и нечистотијата. Речиси и да нема сегмент во Градот Скопје којшто е функционален.

Јавниот превоз во Скопје исто така не функционира. Ветувањата за набавка на нови 250 еколошки автобуси, за бесплатен превоз, за модерен транспорт ,фабрика за автобуси не се остварија.

Не се реализира ниту еден проект во градот а проектите од минатата локална власт на СДСМ стојат закочени.

Прекинат е проектот за еколошки и брз јавен превоз, познат како Бас рапид транзит,позади кој застана и ЕБОР прогласувајќи го како најеколошки проект во областа на јавниот транспорт. Иако е целосно готов мостот во Аеродром стои нефункционален, исто како што мостот на ул. Беласица е нефункционален иако Арсовска ветуваше брзо пуштање во употреба. Проектот за Универзална сала е закочен, исто како и улицата Васко Карангелески, клучката во Момин поток, кружните текови кај Нова Македонија кои треба да ја поврзат новата подземна сообраќајница кај комплексот Лимак.

Јавните претпријатија се нефункционални, услугите кон граѓаните се на историско најниско и најлошо ниво.

Поминаа 20 месеци од мандатот на ДПМНЕ, се трошат годишно околу 100 милиони евра, пари на скопјани а Скопје наместо развој, стагнира.

Скопјани се целосно изневерени од страна на Мицкоски и ДПМНЕ.

Секогаш кога ДПМНЕ ќе добие доверба, секогаш кога ќе добие глас од граѓаните да биде власт се случува хаос.

Лично Мицкоски бараше гласови за Арсовска, ја промовираше за „најдобра менаџерка“ и „вистинска мајка“ и тој е директно одговорен за ова што се случува денеска во Скопје.

Последни вести