fbpx

Орце Ѓорѓиевски е дел од проблемот во Скопје, граѓаните не ги интересираат кавгите во ДПМНЕ туку чекаат резултати

Facebook
Twitter
LinkedIn

Градоначалниците на ДПМНЕ во Скопје, а помеѓу нив и Орце Ѓорѓиевски се дел од проблемот во градот и ниту еден од нив не може да побегне од одговорноста за хаосот што го направија.
Тоа што Скопје е претворено во огромна депонија и што се дави во ѓубре одговорноста е кај сите градоначалници на ДПМНЕ коишто не работат ништо.
Кавгите помеѓу градоначалникот на Кисела Вода од ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски и градоначалничката Арсовска која со поддршка на ДПМНЕ е на позицијата, не ги интересираат скопјани.
Што имаат граѓаните од тоа што Ѓорѓиевски се каел за поддршката на Арсовска?
Граѓаните на Скопје очекуваат работа и резултати кои никаде ги нема.
Орце Ѓорѓиевски и Христијан Мицкоски за време на кампањата за локалните избори, заедно со сите градоначалници на ДПМНЕ во Скопје бараа поддршка од граѓаните и ветуваа модерно Скопје.
Наместо модерно, Мицкоски и ДПМНЕ, заедно со Орце Ѓорѓиевски го вратија Скопје назад за 60 години.

Последни вести