fbpx

СДСМ ја зголеми куповната моќ на граѓаните за 30,2 отсто

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

СДСМ во изминатите шест години значително ја подобри куповната моќ на граѓаните.

Во периодот од мај 2017 година до мај 2023 година, благодарение на економските политики на СДСМ реалната куповна моќ на граѓаните е зголемена за 30,2 отсто.

Во период на криза предизвикана од пандемијата, на која и следеше најголемата економска и енергетска криза, кумулативно инфлацијата се зголеми за 29,1%, додека растот на просечната плата изнесуваше 59,3%, што значи дека и покрај високиот ценовен притисок врз животниот стандард на граѓаните, куповната моќ е зголемена за 30,2 процентни поени.

Во времето на владеење на ДПМНЕ реалната куповна моќ на граѓаните е зголемена за само 3,5 отсто. Од мај 2011 до мај 2017 година инфлацијата кумулативно изнесувала 5,7 отсто, а растот на нето платата бил 9,2, односно реалната куповна моќ на граѓаните се зголемила за 3,5%.

Инфлацијата ќе се намалува и до крајот на годината се очекува овој тренд да продолжи и да се одржи едноцифреното ниво на инфлацијата, а во наредната година да биде околу 2 отсто.

Паралелно на тоа, ќе растат и платите како минималната, така просечната, пензиите и платите во јавниот сектор.

Последни вести