Соопштение за јавност
Сите пратеници во Собранието имаат обврска пред идните генерации да ја обезбедат европската перспектива на државата со усвојување на уставните измени.
Младите сакаат сигурна иднина во европска држава, бидејќи со членство во ЕУ добиваат огромен број можности – подобро образование, фер шанса, пристап до финансии и фондови, можности за добро платени работи места, подобар животен стандард, подобри услуги…
Секоја надеж за подобар животен стандард, подобро владеење на правото, зависи од пристапувањето во ЕУ.
За младите ЕУ не е само економска унија, таа е, исто така, заедница на заеднички вредности, социјална правда, солидарност и почитување на различностите.
Пред граѓаните и пред државата е историска шанса која мора да се искористи во името на идните генерации.
Не смеат да се дозволат нова изолација, нови бранови иселувања на младите, нови барања за странски пасоши.
Гласот за европска иднина во македонското Собрание, е глас за нови перспективи на младите.