Соопштение за јавност
Партизирање и фамилијазирање на државните институции се токму обележје на 11 годишното криминално владеење на ВМРО ДПМНЕ.
ВМРО ДПМНЕ за една деценија ги претвори државните институции во партиски агенции за вработување на роднини, пријатели и сопартијци.
До каде се одело покажува примерот токму на Христијан Мицковски, од сите професори на Машинскиот факултет, тој станал асистент кај сопствениот татко, со кого и заедно пишувале книги и учебници.
Тоа време е минато.
Претставници на СДСМ преземаа морални чекори и покрај тоа што процесот на вработување бил транспарентен и законски, а лицата целосно ги исполнувале критериумите.
Незамисливо за ВМРО-ДПМНЕ.
Еве шанса на ВМРО-ДПМНЕ да се докаже, нека побара од своите сопартијци да ги повлечат своите роднини од позициите кои им ги обезбедиле за време на нивното 11 годишно владеење.
Таткото и сестрата на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор јанушев вработени во ЦУК и МВР нека се откажат од работните места.
И оние 625 лица во РЕК Битола вработени преку партиски списоци на ВМРО-ДПМНЕ.
Или за ВМРО ДПМНЕ моралот е непозната категорија, со оглед на тоа дека никогаш не бил применет ниту пак признаен?
Скопје,22.02.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА