Соопштение за јавност
Потпретседателот на СДСМ и градоначалник на Валандово, Перо Костадинов, од страна на шведскиот Меѓународен центар за локални демократии, е вброен меѓу четирите градоначалници од целиот свет кои направиле позитивни трансформации за демократијата на општинско ниво.
Шведскиот Центар го избра Костадинов за шампион на локалната демократија меѓу 141 номинација на лидери кои демонстрираат посветеност и креираат активности и мерки за правичност, вклученост, транспарентност и одговорност.
Перо Костадинов како градоначалник на Валандово, има реализирано повеќе иницијативи и проекти за создавање на поинклузивно и потранспарентно општество.
Со посветеноста на Костадинов, општина Валандово сега е на прво место во однос на активна транспарентност, воведени се различни дигитални алатки кои ја подобруваат пристапноста до локалната самоуправа и ја олеснуваат директната комуникација и соработка помеѓу граѓаните и институцијата.
Во текот на изминатата година, евидентирани се 76 официјални активности поврзани со младите, што ја истакнува посветеноста на општината за зајакнување на младите и учество во заедницата, го образложува шведскиот меѓународен центар за локални демократии, изборот на потпретседателот на СДСМ и градоначалник на Валандово, Перо Костадинов за шампион на локалната демократија.
Наведена е на пример и иницијативата „Селектирај отпад“, дигитална алатка која има за цел да ги мотивира граѓаните да учествуваат во селекцијата на отпадот притоа обезбедувајќи им лични парични придобивки и во моментов помага во селекција на шест до седум тони отпад годишно.
Во општина Валандово, реализирана е поддршка од 20.000 денари за лица со попреченост, во време на енергетската и економската криза, повеќе од 150 идеи биле предложени од граѓаните и разгледани за вклучување во буџетот за 2023 година.
Ова е силно признание за градоначалник од редовите на СДСМ, кој воедно е и потпретседател на партијата, и прави јасна разлика со неспособноста на градоначалниците на ДПМНЕ.