fbpx

Се преземаат морални чекори,непотизмот е одлика на ВМРО-ДПМНЕ, дали Мицкоски ќе даде отказ затоа што стана асистент кај неговиот татко?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

ВМРО-ДПМНЕ е симбол на партизација и злоупотреба на државните институции, симбол за богатење преку непотизам и судир на интереси во јавните и државни прептријатија.

Привилегии, партизација, непотизам, не се и нема да бидат вредност на СДСМ.

Започната е постапка на анализа на вработувања на лица блиски до функциуониери, а истрага отвори и новиот состав на Државната комисија за спречување на корупција.

Во меѓувреме, веќе се преземаа морални чекори и повлекување од работни позиции поради морални причини, без разлика што процесот на вработување бил транспарентен и законски.

Тоа за ВМРО-ДПМНЕ беше и се уште е непозната категорија.

Дали Христијан Мицкоски ќе си поднесе отказ поради тоа што од толку многу професори тој бил асистент токму кај неговиот татко?

Дали ќе дадат отказ и оние 625 лица во РЕК Битола вработени во 2012 година, сите преку партиски списоци на ВМРО-ДПМНЕ?

Ако ВМРО-ДПМНЕ е навистина загрижена за јавната администрација, нека побара од своите сопартијци да ги повлечат своите роднини од позициите кои им ги обезбедиле за време на нивното 11 годишно расипничко владеење.

Скопје, 20.02.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести