Соопштение за јавност
Пред државата и граѓаните е отворена историска, реална шанса за членство во Европската унија до 2030 година.
Пораките од ЕУ се јасни, поддршката од стратешките партнери силна и недвосмислена.
Земјата и граѓаните немаат нови 11 години за чекање и за губење.
Поради чекање и изговори на ДПМНЕ, Македонија стана членка на НАТО 10 подоцна од она што требаше, ја испушти шансата да напредува кон ЕУ откако доби кандидатски статус заедно со Хрватска.
Хрватска веќе деценија е членка на ЕУ, а кај нас се изгубија 11 години во изолација и стагнација, дури лани благодарение на Владата предводена од СДСМ започнаа преговорите за членство.
Не треба опозицијата да бара изговори и да манипулира со граѓаните дека можеби ќе се добие подобар предлог.
Поради сегашните погубни политички каприци на ДПМНЕ може да се случи и во 2030 година, да останеме во чекалната, кога останатите држави ќе влезат во ЕУ.
Тоа не смее да се дозволи.
Без блокадите од ДПМНЕ можеме да успееме и до 2030 година да ги завршиме преговорите за членство.