Соопштение за јавност
Блокадите и опструкциите што Мицкоски и ДПМНЕ ги прават против членството во Европската Унија се во спротивност со интересите и потребите на граѓаните.
Тие се против подобар животен стандард на народот, посилна економија, подобро владеење на правото, подобра демократија, поголема социјална правда.
Граѓаните заслужуваат можност за интеграција во Европската Унија, заслужуваат подобар живот и можности за развој и напредок, но не заслужуваат да ја плаќаат цената на блокадите на ДПМНЕ.
Државата е пред историска шанса за членство во ЕУ, унијата јасно стави до знаење дека е подготвена за ново проширување до 2030 година и тоа треба да се искористи сега.
Одлуката за уставни измени е единствената задача што треба да се заврши за продолжување на евроинтеграцијата.
Блокадите не носат ништо, освен изолација и чекање, уште 11 или 17 изгубени години.
СДСМ ќе направи се блокадите на Мицкоски да бидат поразени и да продолжиме по вистинскиот, по европскиот пат, како што тоа го очекуваат 80 отсто од граѓаните.