fbpx

(Видеа) Носителите на листи се обврзаа – носиме живот во Македонија!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Видеа од обраќањата на носителите на кандидатски листи на СДСМ и здружената опозиција за предвремените парламентарни избори на 11 декември, дадени на крајот на вчерашниот 21. Конгрес на СДСМ

„По 11-ти декември, промената на власта ќе донесе силен економски равој. Никој нема да страда по промената на власта. Криминалците ќе одат во затвор, службениците ќе останат на работа. Нема да продолжат налудничавите проекти, ќе бидат стопирани и ќе подлежат на ревизија. Парите ќе се трошат за живот во Македонија. Повикувам на мобилизација и победа на изборите што ни е на дофат“, рече меѓудругото носителот на кандидатска листа во првата изборна единица, Стево Пендаровски.

„Силно ќе се борам да ги решиме проблемите на сите. Ќе се справиме со иселувањето на младите, овде ќе ја градат својата иднина. Имаме и сериозна обврска, да се избориме со криминалот на власта, да се избориме со криминалот на функционерите на оваа забегана власт на ВМРО-ДПМНЕ. Криминалците мора да одговараат за грабежот на народните пари! Да живее Македонија и да се живее во Македонија“, рече меѓудругото носителот на кандидатска листа во втората изборна единица, Оливер Спасовски.

„Нема да застанеме со работа. Ќе го вратиме животот во селата и градовите. Ќе ставиме крај на масовното иселување од третата изборна единица. Ќе го запреме понижувањето на земјоделците и работниците! Особена грижа ќе им посветиме на работниците во рударството и текстилната индустрија. Имаме план и мерки преку кои ќе ја намалиме социјалната разликата, така што секој работник ќе добива достоинствена плата од која ќе живее, а нема да преживува“, рече меѓудругото носителот на кандидатската листа во третата изборна единица, Љупчо Николовски.

„Правда мора да има и ќе има. Готово е! Парите ќе ги вратат, се ќе вратат. Промените ќе ги направме заедно. Сите заедно! И Македонци, и Албанци, и Турци, и Срби, и Роми и Власи и Бошњаци и сите, ќе биееме битка за единствена Македонија и ќе ја добиеме. Сите ќе живееме еден живот во Република Македонија“, рече меѓудругото носителот на кандидатската листа во шестата изборна единица, Петре Шилегов.

„Ќе ја впрегнеме државата, затоа што граѓаните бараат држава што функционира. Држава во која законите за секого ќе важат подеднакво. Држава во која нема да има заштитени мечки. Ви ветуваме држава и институции во кои нема да владее страв, притисок и репресија. Вработените во администрацијата ќе продолжат да работат, ама нема да го прават тоа за партиите и политичарите, туку за себе и своите деца, и за сите кои плаќаат данок во оваа држава. На 11 декември да гласаме за Младите во Македонија“, рече меѓудругото носителот на кандидатската листа во петтата изборна единица, Радмила Шекеринска.

„Мојата намера е да продолжам да живеам во четврта изборна единица, а да ја водам Република Македонија водејќи ја извршната власт. Јас сум горд на тоа што денеска е Струмица. Не беше лесно кога граѓаните ја дадоа честа и одговорноста. Пливаше во долгови. Се фатив за главата и не знаев како ќе биде. Предизвикот беше огромен. Денеска Струмица е една од најразвиените општини во Република Македонија. Ова го кажувам за да не губиме верба, дека не може. Може и со нашата Македонија.
Делегатите донесоа историска одлука, ја поддржаа граѓанска Македонија. Потврдивме дека најголемиот политички субјект верува во граѓанскиот концепт што ќе успее во Република Македонија. Ви ја ветувам Македонија. Ви ја ветувам напредна и успешна Македонија. Оваа коалиција со граѓаните е предодредена на успех. Оваа коалиција ќе го врати животот во Македонија. Оваа коалиција победува на 11 декември. Затоа што ова е коалиција на животот. НА 11 декември носиме живот во Македонија“, рече меѓудругото носителот на кандидатската листа во четвртата изборна единица, Зоран Заев.

 

Скопје, 07.11.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести