fbpx

Ниту една куќа не е гасифицирана во Скопје, Груевски го излудува успехот на Струмица!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Најголемата болка на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се Струмица и Куманово, единствените два гасифицирани града во Р.Македонија.

Тоа за што Гуевски не беше способен да го направи со гасификацијата, во Струмица и Куманово е веќе реалност неколку години. Граѓаните, општинските институции и фирми ги користат бенефициите од евтиниот енергенс и имаат заштеди. На гас се греат училиштата во Струмица со огромни заштеди од по 60%. Заштеди имаат и фирмите кои поради тоа се и поконкурнетни на пазарот. Сето ова го немаат другите училишта, институции и фирми во Македонија поради тендер политиките на власта на Груевски којашто ја интересираат замо провизии од незавршените делници.

За десет години додека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се на власт, ниту една куќа во главниот град не е гасифицирана.

Во Струмица над 200 домаќинства веќе користат гас и плаќаат цена како што плаќаат и граѓаните на Белград, Софија…

За успешноста на гасификацијата во Струмица доказот го крие Министерството за финансии кадешто има документи кои покажуваат дека Светска банка го поддржа проектот со 5 милиони евра, но од поранешниот министер Ставрески беше спречена реализацијата!

Со парите со коишто се изгради Триумфалната капија можеа да се гасифицираат 5 до 6 града во Р.Македонија.

Ова е доказ дека Никола Груевски никогаш немал вистинска намера да ја гасифицира земјата.

После 11 декември гасот ќе биде достапен во 32 града во Македонија. Вистината е дека лагите за гасификација и Никола Груевски заминуваат за 35 дена!

 

Последни вести