Соопштение за јавност
За одредени прашања треба да се обединиме сите, без разлика на партиска припадност, национална или верска, имаме идеална ситуација и можност да успееме со отворање на поглавја и членство во ЕУ до 2030 година, порача потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев денеска во емисијата „Здраво Македонијо“ на Канал 5 телевизија.
-Ние како народ често сме знаеле да се обединиме околу одредени теми. Добро е да се обединиме, без разлика на партиска, верска или партиска припадност околу членството во ЕУ, имаме идеална можност за отворање поглавја и членство во ЕУ до 2030 година. Искуството од Бугарија, Романија и Хрватска покажува дека во првите години од нивното членство во ЕУ имаат сериозно зголемување на платите, инвестициите, економиите, што значи повеќе пари кај луѓето. Можеме и ние тоа да го постигнеме, сите заедно, рече Богоев на Канал 5 Телевизија.