fbpx

Победник на претседателските избори ќе биде кандидат на СДСМ, поддржан од проевропската коалиција

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Победник на следните претседателски избори ќе биде кандидатот предложен од СДСМ и поддржан од проевропската коалиција, порача претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски, денеска, во интервју за Сител Телевизија.

– Победник на следните претседателски избори ќе биде кандидатот предложен од СДСМ и поддржан од проевропската коалиција. Со оглед на тоа што ние покажавме дека не калкулираме со важните одлуки во државата, дека не сме водени од дневна политика, дека не сме водени од личен интерес, туку напротив, СДСМ и коалиционите партнери а тоа секогаш го кажувам бидејќи и тие се дел од носењето на одлуките, ги донесовме најтешките и најважните одлуки од првиот ден на самостојноста на нашата држава. Сетете се и на Охридскиот рамковен договор и на Преспанскиот договор и на влегувањето во НАТО и на заклучоците во Собранието за усвојување на Преговарачката рамка, отпочнувањето на преговорите и првата меѓувладина конференција. Тоа се одлуки кои ги донеле СДСМ, рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ додаде дека во рамки на партијата се уште не е отворена дискусијата за претседателски кандидат и дека кога ќе дојде време ќе се спроведе низ пропишана статутарна постапка која предвидува на кој начин се одвива предлагањето, кандидирањето потоа и утврдувањето на кандидат за претседател.

Се разбира дека за тоа ќе има и разговори со коалиционите партнери, бидејќи ние настапуваме и во Владата како коалицијата, меѓутоа и на избори како коалиција, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Последни вести