fbpx

Станува Мицкоски сабајле и вели што ќе блокираме денеска, така функционира ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Станува Мицкоски сабајле и вели ајде денеска што ќе блокираме и тоа е став на опозицијата, што го гледаме во континуитет, така функционира ДПМНЕ, истакна пратеникот на СДСМ Дарко Каевски за „Студио 10“ на телевизија 24.

Каевски нагласи дека законското решение на законот за амнестија има за цел да се растеретат затворите, во него нема ништо затскриено и со задни намери, а со оглед на сензибилноста на одредени случаи пратеничката група на СДСМ ако има потреба, ќе поднесе амандамни.

Да се игра на карта на популизам, за да се добие ситен политички поен, а да се игра со чувствата на граѓаните е недозволиво и не е добро во вакви сензитивни процеси, рече Каевски додавајќи дека за опозицијата ништо не чини, според нив треба се да се блокира, да се тргне на страна и ништо да не се носи.

Христијан Мицкоски е човекот што прави штета на државата со блокади на се она што е добро за граѓаните, примерот е во делот на уставните измени и европскиот пат на државата, рече Каевски.

Тој нагласи дека за уставните измени, за чиј текст опозицијата нема никакви забелешки, мора да се разговара, европскиот пат на државата и европските перспективи на граѓаните мора да продолжат.

Европскиот концепт за прогрес, за европските плати, за пристап до пазар од 500 милиони жители, за пристап до европските фондови мора да го победи оној концепт што моментално го нуди раководството на ДПМНЕ а тоа е блокада, порача пратеникот на СДСМ Дарко Каевски.

Последни вести