fbpx

Кирацовски: Раководството на СДСМ се води од интересите на граѓаните и државата, одлуката за предвремени избори наскоро

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Генералниот секретар на СДСМ и пратеник, Александар Кирацовски, во одговор на новинарско прашање во врска со ставот за можноста за предвремени парламентарни избори кои би се одржале заедно со претседателките, рече дека државните интереси за Социјалдемократскиот сојуз се секогаш пред партиските и дека одлуката којашто наскоро ќе биде донесена ќе биде во интерес на граѓаните.

„На Социјалдемократскиот сојуз на Македонија му одговара да излезе на предвремени парламентарни избори, да добие нов четири годишен мандат. Но, многу позначајно е дали со тоа ќе се закочи или ќе се забрза процесот на развој на земјата за што се прават сеуште сериозни анализи. Одлуката која што ќе се донесе мора да биде и ќе биде исклучиво од интерес на граѓаните и државата“ рече Кирацовски.

Во врска со измените на законот за јавни претпријатија со кои се предвидуваат заменици директори на јавните претпријатија Кирацовски рече дека одлука се носи за подобрување на менаџирањето, за граѓаните да добиваат подобри услуги и додаде дека се назначуваат само 12 лица.

„Станува збор за назначување на 12 заменици директори, на 12 јавни претпријатија кои се во доминантна сопственост на владата на Република Македонија. Истите се избират единствено во интерес на законот на висока раководна служба од една страна , а друга страна обемот на работа која овие претпријатија ќе ја имаат со оглед на предизвиците кои доаѓаат со процесот кон европската унија го налагаат тоа. За овие функции нема да се издвојат големи финансиски средства со оглед дека се работи за 12 нови раководни позиции. Оваа влада заштеди многу финансиски средства на граѓаните. Нема повеќе енормни трошења како споменици, панорамски тркала , туку парите на граѓаните соодветно се канализираат за потреби кои се навистина во интерес на граѓаните“ рече Кирацовски.

Скопје, 07.02.2019
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести